2win800x200

Санкционирани осум возачи што не дале предност на пешаци

Мај 23, 2022

Денеска (23.05.2022) во периодот од 7 до 11 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците. При контролата, откриени и санкционирани се 8 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците, а откриени се и 19 останати прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, соопштија од Битолската полиција. 

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Од СВР Битола апелираат до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани