2win800x200

Прочитајте-Во недела “Вело трка“ во Битола, затворени улици и пренасочување на сообраќајот

Јуни 01, 2022

СВР Битола Ве информира дека на 05.06.2022 (недела) во периодот од 07,00 до 13,00 часот во Битола ќе се одржи велосипедскатаВело трка“, во која учествуваат професионалци и велосипедисти кои рекреативно возат, низ градските улици во Битола. Притоа, за сообраќај целосно ќе бидат затворени подолу наведените улици, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици, додека старт и цел на трката е ПлоштадотМагнолија“.

 

- Старт на трката: плоштадМагнолијаво 09,00 часот за професионалните велосипедисти и во 09,30 часот за рекреативно возење на велосипед, па продолжува по улицаШирок Сокак“ во правец кон Безистен, се врти лево по бул.„1-ви Маји Музичкото училиште, потоа на кружен текЦрн мостсе продолжува право кон кружен текПедагошка“, па се врти лево по улицаВаско Карангелевскисе до кружен текВеро“, па на кружен текВеросе врти лево полукружно и се враќа назад по улицаВаско Карангелевски“. Потоа, се продолжува до кружен текПедагошка“, на кружен текПедагошкасе врти во лево по улица „11-та Македонска Дивизија“, па се продолжува по улица „11-та Македонска Дивизијасе до крстосницата со улицаДовлеџиккаде се врти во полукружно и се продолжува по улица „11-та Македонска Дивизијасе до кружен текПедагошка“, потоа се продолжува право по бул.„1-ви Мај“, се до кружен текЦрн Мост“, на кој се врти лево и се продолжува по бул.„1-ви Мајод страна на Гимназијата и Општината, се до спојот со ул. „Филип II  Македонски“. Потоа, се продолжува по ул. „Филип II  Македонскисе до кружен текДулие“, па се врти десно и се продолжува по ул.„Прилепскасе до спојот со ул. „4-ти Ноември“, па се продолжува се до крстосницата со ул. „Солунска“, каде се врти десно, па се продолжува по ул.„Солунскасе до крстосницата со ул.„Широк Сокак“ (мв Камен мост) каде се врти десно и се продолжува по ул.„Широк Сокаксе до плоштадотМагнолија“, каде е целта на трката околу 11,00 часот.

             

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани