2win800x200

Од вчерашното невреме искршени дузина дрвја во Градскиот парк и на потегот кон село Бистрица

Јуни 05, 2022

Вчерашното невреме полегна дузина дрвја низ Градскиот парк во Битола и на потегот од Битола кон село Бистрица. Иако траеше кратко ветрот искрши стари, но и млади дрвја. 

Од ЈКП „Комуналец“ - Битола  велат дека вчера по невремето веднеш излегле на терен да го ослободат коловозот на потегот кон село Бистрица од паднатите дрвја кои го попречувале движењето на сообраќајот.  Во Градскиот парк, пак,  се полегнати десетина дрвја, дел од нив млади за кои битолчани велат дека претходно биле општетни од вандели, па не издржале на налетот на вчерашниот ветер со дожд.

-Се посветивме до доцна во ноќта да се одблокираат улиците, имаше четири дрвја паднати на патот Битола-Бистрица. Во исто време екипите на ЈКП „Комуналец“ дејствуваа на главните улици да се исчистат и да се измијат по невремето со цел да се нормализира состојбата. Што се однесува до искршените дрвја во Градскиот парк и на Шеталиштето ќе се отстрануваат во текот на утрешниот ден, вели Гордана Наумовска, директор на ЈКП „Комуналец“ Битола, за Апла.мк.  

Во изминатиот период, млади битолчани, честопати дивеат во Градскот парк, па на мета се млади дрвја, на кои насила им ги оштетуваат стеблата и крошните, па на посилен ветер не издржуваат. 

  

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани