2win800x200

Видео материјал од годинешното издание на манифестацијата „Незаборав“ чиј автор е Панде Димитровски

Август 27, 2022

Видео материјал од годинешното издание на манифестацијата „Незаборав“ песни за Битола-втро дел, обајвуваме на апла.мк. Концертот  се одржа на 16 август во рамките на БитФест 2022,  по 12 пат годинава, а настапија познати битолски естрадни уметници со песни  за Битола испеани во живо. 

На настанот гостуваше Боби Поповски, композиторот на легендарниот битолски евергрин „Пусти мерак Ратке“ кој извесно време живее во Австралија.  Во придружба на татко му Никола Поповски и бендот „Калабалак“ заедно ја изведоа песната пред публиката што беше прифатено со воодушевување и наградено со аплаузи. Поповски ја изненади публиката изведувајќи ја и неговата најнова песна „Што ти згрешив Битола“ во која е опеан печалбарскиот копнеж по родниот град.

На манифестацијата „Икс бенд“ ја изведе и другата битолска Ратка, поточно „Ратка Маџинка’’ од Валентин Соклевски, која е исто така битолски евергрин

Вечерта започна духовито со мајтап песни во Битола кои го содржат специфилниот битолски хумор на умешен начин вткаен во текстовите и рефрените што ги прави незаборавни. Фестивалската вечер ја отвори живата битолска легенда Велчо Петровски- Папал, кој беше најавен дека е препознатлив во Битола не само по неговиот шмекерлук туку и по точачето. Па, следствено на ова тој го испеа и неговиот хит „Терам низ град старо точаче“.

Потоа следуваа популарните „Имам куќа на Пелистер“ на Јонче Христовски и песната на „Боеми“- „Кога сум со сопругата“ во изведба на „Калабалак“.

Вечерта со песни за Битола настапија и прекрасната битолска вокална интерпретаторка на песни Билјана Дамјановска, пејачот со кадифен глас Сефедин Бајрамов и талентираниот Бојан Стојков.

Авторор и продуцент на „Незаборав“ е битолчанецот Панде Димитровски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани