АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Културниот центар „Ванчо Михајлов “ во Битола на местото на опожарената табла со натпис на името, деновиве постави нова, иако за 8 дена минува 45 дневниот рок што Комисијата за заштита од дискриминација му го даде на здружението да ги отстрани сите спорни содржини од името, статутот и програмата. Комисијата за спречување на дискриминација, која во октомври утврди дека клубот кој го носи името на докажан соработник на фашистите, врши дискриминација, велат дека веќе е пробиен 30 дневниот рок за отстранување на спорните содржини од социјалните мрежи.
-Ја сликав новата табла која беше опожарена, а за време на нашиот увид во август не постоеше. Комисијата е должна откако ќе утврди форма за дискриминација да даде препорака за отстранување на прекршувањето на правото на еднаквост, а утврдениот дискриминатор е должен да постапи по тие препораки. Денес завршува рокот што Кмисијата го даде за да се отстраната содржините што предизвикуваат вознемирување изразени на ФБ страницта на културниот центар Иван Михајлов. Им предочив на членовите на здружението дека имаат рок уште точно 8 дена да ги отстранат сите содржини кои предизвикуваат вознемирување, онака како што наведовме во нашето мислење. На 29 ноември треба да се отстрани и оваа табла која го содржи името на Ванчо Михајлов, кој според мислењето на Институтот за национална историја, асоцира на близок соработник на фашистичката и нацистичка власт и ги руши темелите на Асномска Македонија. Тие кажаа дека се свесни за тоа, но ќе се видиме на 29 ноември за тие препораки, вели вели Весна Бендевска од КСЗД
Доколку препораките на Комисијата за заштита од дискриминација не се испочитуваат, тогаш ова тело ќе поднесе прекршочна пријава за потежок облик на дискриминација пред прекршочен суд. Во меѓувреме и обвинителството во Битола оформи предмет и ја проверува постапката за регистрација и работата на клубот Ванчо Михајлов. Од Комисијата на барање на ОЈО ја доставија целокупната документација за случајот, но денес доставуваат и други докази дека здружението го прекршува и кривичниот законик.
-Денес ќе доставам дополнителна документација во врска со содржините на ФБ страницата кои упатуваат на можно прекршување на членот 394 г од КЗ а тоа е ширење содржини кои поттикнуваат расизам или ксенофобија преку компјутерски систем, вели Бендевска.