2win800x200

Донација во две училишта во Битола-паметни - џубокс канти за рециклирање на различен тип на отпад

Февруари 02, 2023

Со целреализација на активности за подигнување на свеста за заштита на животната средина во основните училишта, со што ќе се поттикнуваат навики кај децата за соодветно складирање и рециклирање на отпадот, денес во основните училишта „Св. Климент Охридски" и „Тодор Ангелевски”, беа донирани две паметни - џубокс канти за рециклирање на различен тип на отпад изработени за оваа намена, од материјал алкубонд со димензии 200х140х60. Паметните канти, сами го делат отпадот во четири различни канти, а истовремено претставуваат и џубокс што пушта македонски и светски хитови.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Донацијата е дел од проектот „Поттикнуваме промени да ја заштитиме природата“, кој го спроведува компанијата Ново Нордиск, а се реализира согласно потпишаниот Меморандум за соработка со општина Битола.

Можно е да е слика од 3 луѓе

На денешното предавање на донацијата во училиштата, присуствуваа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на донаторот, директорите на училиштата, како и пратеничката Олга Лозановска, со чија поддршка, општината и компанијата Ново Нордиск, ја воспоставија соработката.

Донацијата, претставува вистинско поврзување на музиката и екологијата, а истовремено преку современата технологија, дава можност за стекнување на добри навики и зголемена одговорност на учениците кон животната средина.

Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани