2win800x200

Над 47 000 евра платила Општина Битола лани оштета на граѓани каснати од кучиња

Февруари 20, 2023

Општина Битола бара финансиска помош од Владата за да се справи со проблемот на бездомните кучиња. Во 2022, за оштета на граѓани каснати од кучиња Општината исплатила 2,885,115 денари или 47.296 евра.

 

Иницијативата покрената од градоначалникот Тони Коњановски, која денес беше едногласно прифатена од Советот, бара парична помош од централната власт за да се догради прифатилиштето за бездомни животни, како и промена на законската регулатива за заеднички да се решава проблемот, зашто Општините оставени на себа како што налага досегашниот закон тешко се справуваат поради недостиг на финансиски средстава и капацитет.

 

Во иницијативата се вели дека проблемот со бездомните куќиња на територијата на општината е алармантен и дека во Битола има континуиран прилив на кучиња од блиските приградски и селски региони.

„Општина Битола во изминатиот период обезбеди соодветна локација на прифатлилиште во склоп на средното земјоделско училиште и за постоечките објекти изработи и одобри соодветна техничка документација. Исто така е во фаза пред одобрување и изградба на настрешници во функција на тие објекти, како и во фаза на јавна набавка за реализација на проектираните градби. Воедно, избран е опреатор што согласно донесената програма врши заловување и ветеринарен третман на бездомните кучиња, а до пред три месеци на тој начин беа истретирани 88 бедомни кучиња“, се вели во иницијативата на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани