2win800x200

По 20 години расчинетиот Владика Вранишкоски повторно се враќа во МПЦ

Јуни 05, 2023

 По 20 години расчинетиот владика Јован Врнишкоски повторно се враќа во Македонската Православна Црква.

Интегрирањето на неговата ПОА се случи денеска на заедничката богослужба во црквата Света Софија во Охрид на архијереите на МПЦ и СПЦ, г.г Стефан и г.г  Порфириј, придружувани од епископи на двете цркви. Со оваа литургија на  Денот на Светиот Дух ,  се одбележа и  една година од доделувањето на Томосот од страна на СПЦ за автокефалност на МПЦ со што се стави крај на 55 годишниот спор меѓу двете цркви.

Screenshot 20230605 203603 Gallery

Иако на богослужбата   не беше официјално објавено  интегрирањето на ПОА со МПЦ, сепак српскиот патријарх го потврди тоа во беседата.

-Соработката на браќата архијереи е  многу важна, а важна е и верата, љубовта и молитвите на сега назначениот митрополит Јован и епископите кои се заедно со него, рече г.г. Порфириј, поглавар на СПЦ.

Вранишкоски беше расчинет од МПЦ  во 2002 година  поради поддршката за обновување на преговорите со СПЦ во тоа време. Веднаш потоа беше формирана   ПОА, која не беше призната во Македонија. Тој беше осуден за ширење верска омраза, како и за проневера на пари од Поврдарската еперхија каде беше митрополит. Одлежа 5 години затвор, а сега се враќа во МПЦ  како епископ, и ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија, а останатите владици од ПОА ќе добијата и делови епархиите на МПЦ. Владиката Тимотеј рече дека Синодот веќе донел одлука, но таа ќе биде наскоро официјализирана.

-Со службата тоа се потврдува, но официјално треба да се потврди на седница во полн состав на Синодот, а тоа ќе се случи на 20 овој месец, рече г Тимотеј, митрополит Дебарско кичевски

Заедничката архиерејска  литургија денеска беше во духот на заедништвото и помирувањето.

-Пред нас е уште една голема обврска и посвета должност, пред Православната екумена непрестано да да го сведочиме духот божји, духот на љубовта, духот на разбирањето, рече г.г   Стефан, поглавар на МПЦ

МПЦ го одликуваше патријархот Порфириј со орден Свети Климент од прв ред, а тој пак на поглаварот на МПЦ, гг Стефан му подари златен жезол, напоменувајќи дека последен пат српски патријарх во Света Софија служел пред 100 години

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани