2win800x200

Транспаренси интернешнл Македонија позитивно ја оценува работата на МВР

Септември 04, 2023

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарекува „Бистро-Матно“.

Во делот на „бистри“ настани за месец август, ТИ Македонија ја вбројува покренатата истрага за крадењето цитостатици од Клиниката за онкологија, но и работата на Минисерството за внатрешни работи.

 

Во делот на работата на МВР, од ТИ Македонија позитивно ги издвојуваат апсењата на странски државјани (еден бугарски и еден грчки) кои нуделе поткуп кон полицијата, како и покренатата кривична пријава за директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради злоупотреба на службената положба од страна на СВР Охрид.

Активностите на Министерството за внатрешни работи продолжуваат и во текот на месец Август 2023 година. Со зголемената реализација на МВР граѓаните се охрабруваат да пријават случаи на барање и примање поткуп и други дејствија на коруптивно однесување“ стои во Извештајот на Транспаренси Интернешнл Македонија

Извор 24info.mk

Линк https://24info.mk/

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани