2win800x200

По повод  Меѓународниот ден против насилство врз жените Библиотеката распиша конкурс на тема „Рацете во портокалово срце“ .

Октомври 27, 2023

Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола по повод  Меѓународниот ден против насилство врз жените распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Рацете во портокалово срце“ .

Конкурсот е наменет за учениците од  8 и 9 одделение  од основните училишта, средните училишта и за студентите во општина Битола.
 
- Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме учениците да пишуваат, да цртаат, да го промовираат и афирмираат своето креативно и уметничко творештво на наведената тема, посочуваат од Библиотеката
 
Секој ученик има право да учествува со една поетска творба или расказ на темата, напишани во формат times new roman, со македонска поддршка, со големина 12, како и еден цртеж. 
 
Творбите и цртежите треба да ги содржат следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор). 
 
Литературните творби треба да се достават на следниот е-мail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Цртежите да се достават во библиотеката, кај библиотекарката м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски (тел.број 072268965) со следниве податоци:
име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор). 
 
Творбите и цртежите за конкурсот да се достават до 20.11.2023 година. 
Најдобрите 3 цртежи и творби ќе бидат наградени по категории.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани