2win800x200

Годинешниот лауреат на највисокото општинско признание, Димче Миновски, засади дрвце во алејата на добитниците на наградата за животно дело

Декември 13, 2023

Годинешниот добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело, Димче Миновски, ја продолжи традицијата со засадување дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело. На настанот присуствуваа пријатели на добитникот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и дел од советниците од општинскиот Совет.

Градоначалникот Коњановски, посочи дека претставува посебна чест да се биде со добитникот на наградата за животно дело кој со својата професионална ориентација го прославил својот роден град надалеку, пишувајќи за спортот, историјата на спортот, вршејќи преку 3000 преноси во живо од спортски натпревари, а истовремено бил и автор на повеќе од 200 емисии посветени на Битола и значајни настани од Битола.

Миновски се заблагодари за големото признание, кое е потврда за неговата работна активност и незапирлив творечки дух.

IVK 7880

 

IVK 7918

IVK 7936

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани