Денес во 19.00 ч. во големата сала на НУ Центар за култура Битола ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм „Амин“ во режија на Марија Јанковиќ, на која ќе се претстави екипата на филмот.
Филмот е реализиран од “Генерал Филм Студио“ од Скопје.
Во филмот играат битолските актери Петар Горко, Маја Андоновска – Илиевски и Петар Мирчески. Продуцентот на краткометражниот филм е Дарио Јанковиќ кој има голема поврзаност со
Битола и е познат на битолчани. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а музиката е на Димитар Андоновски.
Влезот на премиерата на филмот е слободен.
Објавено од А.Б