2win800x200

Изгласан Законот за забрана на нефер трговски практики со кој се ограничуваат цените на производите

Март 14, 2024
фото интернет фото интернет

Собранието со 82 гласа „за“, го донесе новиот Законот за забрана на нефер трговски практики.

Овој закон ги уредува условите и начинот на вршење трговија со земјоделски и прехранбени производи, а неговата крајна цел е да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи и на тој начин да се заштити стандардот на граѓаните.

-Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика велат од Министерството за економија.

Со законското решение се определува и колку процентуално може да изнесува максималниот рабат кој маркетите може да го бараат од производителите и добавувачите, кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената, а Министерството за економија подготви список со над 2.600 прозиводи, кој ќе имаат ограничена маржа до 10 %, но пред да стапи на сила треба да добие зелено светло од Стопанската комора и Организацијата на потрошувачи.

-Предвидена е листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10 отсто и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените. За непочитување на законските одредби, засега во предлог-решението се предвидени глоби до 20.000 евра, се наведува во соопштението на Министерството за економија.

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани