2win800x200

Во недела-турно ски куп на Пелистер

Април 11, 2024
Вљубеници во планинските спортови, ПСК “ПЕЛИСТЕР”- Битола почитувајќи ја традицијата за организирање на комбиниран ски натпревар (турно-пешачење и скијање) во заедничка организација со ФПСМ како континуитет го возобновуваат ова натпреварување и по 79 години на ден 14.04.2024 година го организираат ТурноСкиКупот Пелистер 2024, се со цел ова единствено натпреварување во Република Македонија да се возобнови.
Имено, првиот ваков ски-натпревар (ски утакмица) се одржа во почетокот на месец Март далечната 1940 година со старт од Санаториум (детско одморалиште), преку пирамида (врв Пелистер), м.езеро, г.езеро, Сапунџица, Муза, Неолица, Лавци до Битола. На овој натпревар учествувале 8-натпреварувачи.
Вториот ски-натпревар (ски утакмица) се одржа на ден 02.03.1941 година со старт од планинската куќа (Копанки), преку пирамида (врв Пелистер), м.езеро, г.езеро, Сапунџица, Муза, Неолица до Битола. На овој натпревал учествувале 6-натпреварувачи.
Третиот ски натпревар (ски-утакмица) се одржа на ден 04.02.1945година со старт од планинската куќа (Копанки), пирамида (врв Пелистер), м.езеро, Нижеполе, Битола, на овој натпревал учествувале 14-натпреварувачи.
Се надеваме дека оваа наша иницијатива и организација на 4-тиот ски-натпревар ќе биде основ за понатамошни вакви натпревари и продолжување на турно традицијата во Македонија.
ВАЖНО: Поради ограничените можности за организација на овој натпревар бројот на натпреварувачи е ограничен на 50. Пријавете се исклучиво доколку имате намера за учество на натпреварот. Доколку од било какви причини во меѓувреме се откажете бидете фер и ослободете го вашето место за друг натпреварувач, велат организаторите.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани