2win800x200

„На дното“ на Ќендрим Ријани вечерва премиерно во Народен театар Битола

Април 16, 2024

  „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а по текст на Максим Горки енајновата премиера на Битолскиот театар која ќе биде изведена вечерва во 20 часот.  Ова е трета премиера за оваа година. 

Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска-Илијевски, Соња Ошавкова, Анастазиа Христовска и Александар Димитровски.

Ќендрим Ријани е еден од најпрогресивните театарски режисери на овие простори. Тој ја режираше претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во 2022, која на Битолскиот театар му донесе пет награди на 56. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Инаку, сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е здолжен Андреј Папаз Ѓорѓиевски, а за музиката Александар Димовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани