АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна реконструкцијата на улицата „Климент Охридски“ на потегот од семафорите со улицата „Партизанска“ до крстосницата со улицата „Солунска“. При овој градежен зафат ќе се реконструира канализационата, водоводната мрежа, а потоа и коловозот ќе биде преасфалтиран.
„Зафатот ќе биде врз водоводот, канализацијата и коловоз во висина од 10 милиони денари. Овој потег ќе биде среден оваа есен“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Останатиот дел од улицата „Климент Охридски“ ќе биде реконструиран во следниот период кога ќе се работи на Прочистителната станица.
„Дел од улицата ‘Солунска’ до ‘Леринска’ ќе биде опфатен со Пречистителната станица и ќе имаме корекции во основниот проект во однос на дијаметарот на канализационата цевка“, рече Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“.
Техничкиот директор на Јавното претпријатие „Водовод“, Љубиша Баќиќ, рече дека на потегот каде што се работи ќе биде заменета комплетна водоводна инстраструктура со приклучоци.