2win800x200

Економското слави патронат! - посветени сме на нашите ученици, вели Биљана Јанкуловска, директор

Април 22, 2024

 

Средното Општинско Економско училиште „Јане Сандански“, го слави својот Патрон празник. Беше положено цвеќе врз бистата на Јане Сандански од страна на директорката Биљана Јанкуловска и градоначалникот Тони Коњановски.

Можно е да е слика од 2 луѓе

Образованието е најмоќниот инструмент кој можеме да го користиме за да го промениме светот. Ова е максима за сите нас да го разбереме и третираме образованието како привилегија и да го користиме како средство за постојан раст и развој. Правиме се` и посветени сме нашите ученици да ги научиме да гледаат на образованието со стратешко размислување, креативност и трудољубовост во постигнувањето на сопствените цели. Да станат активни и корисни граѓани на заедницата. Со знаењето што го стекнуваат тука, тие се подготвени да го променат светот и да се изборат нивните можности да значат реализација на нивните соништа.“ – рече директроката Биљана Јанкуловска во своето обраќање кон присутните на свеченоста.

DSC 0733 800x533

Градоначалникот Тони Коњановски информира дека со нови инвестиции и нова опрема се подобруваат условите за учениците во Средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола. Во изминатите шест месеци реализирани се повеќе проекти во насока на обезбедување безбедна, стимулативна и продуктивна работна атмосфера во училиштето. Набавена е ИКТ опрема и мебел, а неодaмна со целосна инвестиција на Општина Битола, во вредност од 1.300.000 денари, завршено е партерното уредување околу училишната зграда и спортската сала на површина од 1000 метри квадратни и поставени се рефлектори на салата.

Потоа се оддржа литературно читање со творби на ученици од основите и средните училишта на тема: „Најдобриот пријател се наоѓа во моето училиште“, како и  социјално-економски дијалог, во кој учениците побараа одговори од образовните институции, бизнис секторот и невладиниот сектор околу тоа колку тие соработуваат со нив и ги оспособуваат за придонес во развојот на бизнисите, но и да бидат пококурентни на пазарот на трудот.

На крај, беше организиран Отворен ден на училиштето во кој учениците го претставија училиштето и своите активности, организации, како и соработката на училиштето со ЦЕФЕ методологијата .

Во чест на овој ден, професорката Христина Зариевска, заедно со учениците подготвија видео во кое ја споделија организацијата и работата на училиштето, а учениците ги споделија своите искуства и импресии од учењето во ова училиште.

DSC 0764 800x533

Во видеото,  наставниот предмет Учење преку работа кај работодавач го претставија професорите Александар Цветкоски и Соња Карапашовска

„Се зближуваме со реалниот сектор, го воведуваме во училиштето и училиштето го воведуваме во реалниот сектор, односно учениците доаѓаат на пракса, па ги склучуваме договорите и меморандумите за соработка“ – рече професорот Александар Цветкоски.

Придобивките од ваквиот тип на настава ги објасни професорката Соња Карапашовска:

„Овој нов концепт на изведување на практичната работа е одговор на постојаните забелешки од страна на работодавачите во врска со немањето на практични знаења и способности кај учениците. Оваа можност е учениците директно кај работодавачите да се запознаат со организациската култура и применливоста на веќе наученото. Во овој краток период, додека се имплементира ваквиот систем на настава, имаме позитивни примери што значи дека наши ученици веќе се регрутирани за вработување со можност за стипендирање на нивното високо образование. Во иданина очекуваме дека ќе биде препознаен овој нов концепт од страна на бизнис заедницата, бидејќи и нив сето ова ќе им биде од корист и ќе им го скрати патот на селекција и одбирање на квалитетни кадри.“

DSC 0782 800x534

Свое претставување имаше и координаторот на Младинската организација на училиштето – Целе Јолевски

„Младинската организација преку своите идеи, настани и работилници е двигател на промените во нашето училиште и чест ми е што истата ја координирам.“

DSC 0827 800x534

DSC 0852 800x534

Можно е да е слика од 6 луѓе

Можно е да е слика од ‎6 луѓе и ‎текст кој вели „‎ل ال iSorm Coa‎“‎‎

Можно е да е слика од 7 луѓе

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани