АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На одржаниот меѓународен карате турнир „13 НОМВРИ 2019 “во Скопје, карате клубот "ЗАНШИН-ДО"-Битола настапи во 29 категории и се закити со 2 злата, 5 сребра и 14 бронзи. Со златен медал се закитија: Стефанија Петовска во кати сениори и Давид Стојчевски во кати 2008 год. Со сребрен медал во ката индивидулно се закитија:Атанасија Момоковска 2011 год. Евгениј Поповски 2010 год. Емилија Илковска 2009 год. Тони Кулевски 2008 год. и Стефанија Петковска во кумите -53кг.. Со бронзен медал во дисциплина ката се закитија : Марија Момоковска 2011 год., Надалина Талевска 2010 год. , Александра Божиновски 2009 год., Алиловска Леона 2009 год., Евгенија Наумовска 2009 год. Ана Димовска Чонтева 2009 год. Ана Костојчиновска 2007 год.Стефанија Петковска 2003 год. и Ѓоревска Симона 1999 год. Во дисциплина ката тим со бронзен медал се закитија: Момоковска Ана , Момоковска Марија и Момоковска Атанасија ката тим женски 2011/10год. Ана Димовска Чонтева, Давид Стојчевски и Антониа Дамчевска ката тим женски 2009/08 год. Тони Кулевски, Илина Мојанчевска и Давид Стојчевски ката тим машки 2009/08 год. Антонија Дамчевска, Александра Божиновски и Мартин Наумовски ката тим машки 2009/08 год. и Костојчиновска Ана, Бисера Пројкоска и Евгенија Наумовска ката тим женски 2007/06 год.
-Особена благодарност до градоначалникот Љубе Кузманоски и Советот на општина Новаци кој несебично финансиски во континуитет даваат силна поддршка на карате клубот во кои тренираат 8 дечиња од општина Новаци кои се добитници на медали.Ова е голем успех за Битола и за Општина Новаци , воедно и за клубот К.К„ЗАНШИН“-Битола кој не застанува тука и продолжува со подготовки за нови успеси, велат младите натпреварувачи.