2win800x200

Инвеститорот има одобрение за градба на улицата „Милтон Манаки“, општината ќе утврдува дали се гради согласно техничката документација

Јуни 15, 2020

За подигнатиот ѕид на пресекот од улиците „Милтон манки“ 43 и „Пецо Божиновски“ 188 инвеститорот извадил одобрение за градба од Општина Битола. 11 куќи , односно семејства не можат да си одат дома, ниту да ги извадат автомобилите од гаражите, тврдат за Апла.мк засегнати жители. Прочитајте повеќе https://apla.mk/direktno/item/5100-za-da-stignat-doma-skokaat-dzid-od-eden-metar 

Инспекција од Општина Битола попладнево изврши увид на лице место. 

-Ве известуваме дека за изградба на ограда на улицата „Милтон Манаки“ бр.43, издадено е решение за изведување градба од страна на одделението за спроведувањена урбанистички планови во февруари годинава. Решението е издадено на барање на инвеститорот за градба на негова катастарска и градежна парцела (сопственост на инвеститорот), што е потврдено со деталниот урбанистички план.

Од страна на овластен градежен инспектор при Општина Битола, ќе биде извршен инспекциски надзор со цел да се констатира, дали градежните работи се изведуваат согласно издадената техничка документација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани