АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Српските медиуми јавуваат дека починал Ѓорѓе Балашевиќ, кантавтор и миленик на публиката од поранешните југословенски простори.
Потсетуваме дека тој шред три дена беше примен на инфективната клиника поради проблеми со белите дробови и пневмонија.
Како што дознава српски „Блиц“, имал Ковид-19 и бил во лоша состојба.
Лекарите ги презеле сите мерки за лечење, но до подобрување не доаѓало. Денеска попладне состојбата дополнително му се влошила поради претходни хронични здравствени проблеми.
Повеќечасовните напори на лекарите, за жал, не дале резултат. Балашевиќ почина три месеци пред 68-от роденден.
Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Роден е 11 мај 1953 во Нови Сад. Има издадено повеќе албуми.Глумел во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката, а режираше и филм, кој го прикажуваше по концертите. Од бракот со Оливера има три деца (Јована и Јелена и Алекса).
Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.
Во 1977 откако станал дел од групата „Жетва“, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.
Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата „Рани мраз“ со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.
Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓоргевиќ (познат како Бора Чорба). Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.
Во Сплит во 1979 година Балашевиќ ја освојува првата награда со песната Панонски морнар. Во текот на 1980 година за време на отслужување на воениот рок во Загреб и во Пожеревац каде учествува во снимањето на ТВ серијата „Војници“. При крајот на годината излегува албумот „Одлази циркус“, инаку последниот албума на групата „Рани мраз“.
Во почетокот на 1982 година, со издавање на албормот Пуб ја започнува својата соло кариера.
Балашевиќ честопати одржуваше концерти и во Скопје, а напиша и песна за Скопје.