2win800x200

Училиштето „Славко Лумбарковски“ со хуманитарна акција го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

Декември 10, 2021

Денес во ООУ Славко Лумбарковски со хуманитарна акција беше одбележан 10 декември- Меѓународниот ден на човековите права. Акцијата се одвиваше под мотото „Од децата за децата“ при што беа поделени пакети со прехранбени продукти, на социјално ранливи семејства од општина Новаци. Хуманитарната акција е иницијатива на учениците кои истакнаа: „ Сите луѓе се еднакви и имаат еднакво право на среќа, нашата должност како ученици е барем малку да придонесеме кон локалната заедница“. Идејата беше наполно прифатена и со голема средечност реализирана од Марина Јовановска- психолог, Тамара Станческа дефектолог, Анета Соклевска – одделенски наставник, Васко Гичевски- наставник по граѓанско образование и Пецо Ројковски- педагог. Кон активноста со своите неуморни заложби придонесоа и директорт м-р Илче Соклевски и пом. директор. Татјана Талевска, како и целокупниот колегиум во училиштето.

Наставникот по граѓанско образование Васко Гичевски истакна: „Во нашето општество каде сиромаштијата е тукуречи секојдневие на огромен дел од нашиот народ, тогаш јас морам да го изразам своето задоволство од оваа ученичка акција. Тоа покажува дека ние веќе градиме зрели, хумани личности, едноставно кажано градиме луѓе кои се социјално одговорни индивидуи“. Акциите од ваков тип се важен показател дека во дел од нашите училишта покрај образовната се зајакнува и воспитната суштина, која за жал низ годините како да изостана од воспитно образовниот процес. Би се рекло дека овие акции се во принцип примена на знаењата, кои учениците ги стекнуваат низ школските предмети. Воедно со ова ООУ Славко Лубарковски ни ја покажува широката социјална улога која како училиште ја има во однос на локалната заедница и поставува светол пример по кој треба да се движат сите училишта“.

Оваа акција е финалната активност од проектот „Отворени денови на граѓанското образование “ каде основната идеја е да се зајакнат социјалните и животните компетенции на учениците. Во акцијата учествуваа учениците од VI до IX одделение, а истата беше изведена во соработка со Црвен крст Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани