2win800x200

Титови пионери денеска ги потсетија битолчани на Денот на младоста

Мај 25, 2018

Пионери со црвени  марами и сини титовки, денеска ги служеа гостите во кафе барот Буре на плоштадот Магнолија, а пред влезот се вееше знаме со петокрака. Кафулето со овие југословенски симболи, ги потсети битолчани дека на денешен ден, 25 Мај, во Титова Југославија се славеше Денот на младоста   и роденденот на Јосип Броз Тито.

pioner1

Денот на младоста го одбележаа и претставници на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи  кои  положија цвеќе пред спомен бистата на Јоспи Броз Тито на Широк Сокак.

tito1

По повод родененденот на претседателот на СФРЈ, Јоспи Броз Тито, на 25 Мај секоја година, момчиња и девојки од поранешна Југославија, педесеттина дена ја носеа низ целата земја штафетата на младоста и му ја предаваа на Тито.  На овој ден,   пионерите, младинците, студентите и припадниците на сите родови на војската на СФРЈ учествуваа на традиционалните слетови, кои се одржуваа на тогашниот стадион на ЈНА во Белград.

stafeta

По правило, некаде од публиката или од теренот, ќе излезеше познат спортист или истакнат младинец, кој трчајќи низ стадионот ќе се качеше до свечените трибини каде беше Тито. Тој ја преземаше штафетата и се обраќаше со краток говор.

Штафетата секоја година беше различно дизајнирана, а во неа се наоѓаа пораки од младината на СФРЈ од сите тогашни републики до претседателот.

Празникот започнал да се прославува од 1945 година на иницијатива на младината од Крагуевац, Србија. Така, првите години штафетата го симболизирала роденденот на претседателот на СФРЈ , но од 1957 година, токму на негова иницијатива таа станала штафета на младоста, а 25 мај бил прогласен за Ден на младоста, кој се славеше до 1987.
 FB IMG 1527273213495

Во повеќе градови низ  поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија и денес, 38 години по смртта на Јосип Броз Тито, се одбележува Денот на младоста.

Исто така голем број југоносталгичари на 25 Мај доаѓаат во Куќата на цвеќето во Белград каде се наоѓа Титовиот гроб и му оддаваат почит на претседателот на некогашната СФРЈ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани