2win800x200

„Стабат Матер" во изведба на Битолскиот камерен оркестар-IWconnect ја воодушеви публиката во Офицерски дом

Април 19, 2022
фото - Ивана Христова фото - Ивана Христова

Синоќа во Битола, во изведба на Камерниот oркестар IWconnect, прозвучи извонредното дело "Стабат Матер" на Перголези, а повод беше Велигденскиот концерт кој овој оркестар за прв пат го направи во реновираното здание на Офицерскиот дом. Како солисти настапија сопранистката Билјана Јосифов, контратенорот, инаку гостин од Србија Бојан Булатовиќ, а оркестарот настапи под водство на уметничкиот директор и диригент на овој ансамбл Владимир Димовски. Кантата на Перголези, која често се изведува на вакви наменски претпразнични концерти низ светот, е само доказ колку талентот на овој извонреден композитор е генијален, а ќе создаваше уште многу ако не завршеше неговиот живот во 26-тата година. Многумина сметаат дека, во само 10 годишниот музички опус создал генијални дела кои се едначат со она што го создавале Моцарт и Бах. Офицерски дом со својата акустика, синоќа беше само доказ колку таа сала е иделна за вакви камерни концерти на класична музика и колку истиот тој простор недостигаше, со оглед на годините во кои беше тотално запуштен. На програмата вечерта се најде и концертот за две виолини од Антонио Вивалди, каде солисти беа виолинистите Валентин Наумов и Владимир Цветковски.

Можно е да е слика од 1 лице и внатре

Можно е да е слика од 9 луѓе и внатре

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

фото - Ивана Христова

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани