АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре кога се прославува 78 годишнината од ослободувањето на Битола, во градот ќе престојува и потпретседателката на Република Бугарија Илиана Јотова. Засега нема официјална информација за целта на нејзината посета и агендата за време на престојот. Од Општина Битола соопштија дека таа не доаѓа во официјална посета на Општината.
Од СВР Битола пак соопштија дека на 4 ноември ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради присуството на подрачје на Битола и битолско од страна на Потпретседателката на Р. Бугарија, Илијана Јотова.
Апла.мк наофицијално дознава дека таа во Битола ќе престојува два дена. Утре од Битола ќе го посети ресенкото село Евла, а во сабота Бугарскиот конзулат и бугарските гробишта во Цапари.