АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нѐ погоди торнадо! Она што го поминавме, никој да не го доживее! Вака низ солзи, видно вознемирени, летувалците во автокампот Крани крај Преспанското Езеро раскажуваат за страотната ноќ што ја минаа синоќа.
Автокампот кој во последните години успеа да заживее и да ги врати летувалците како во старите добри времиња, денес изгледаше како да беше епицентар на земјотрес. Во оваа туристичка населба скоро и да немаше останато здраво дрво. Невремето имаше откорнато дрвја високи по неколку метри со се длабоките крорени, а некаде и со цементо. На откорнатите места останаа дупки длабоки по две метра.
Додека траеше силното невреме, леутувалците сведочат дека откорнатите и искршени дрвја им ги потиснале камповите. Во цел хаос и паника кои завладеале, вистинска среќа е што нема повредени.
„Ветерот крена ламарини, дрва, дрвата замислете ги корнеше со цементото. Преживеавме хорор филм. Јас бев сама дојдена на летување со трите внуци. Земјата се споии со небото. Само еден господ не спаси. Брзата помош цела вечер беше тука“, ни рече една преплашена средовечна жена.
Семејството Глигоровски и Јовановски од Прилеп се дел од поголемиот број на летувалци кои имаа кампови во Крани, а невремето им ги оштети приколките и помошните простории кои ги преградувале, доградувале и уредувале со години.
„Мексиканско торнадо не погоди. Нешто невидено досега. Град, ветер. Се затворивме внатре ни беше страв да излеземе. Афежето пишти, арно што пиштеа оти ќе не отепаше дрвото. И масата ми е од отпадни материјали направена, го здража држвото, останеме живи, инаку ќе не отпепаше“, вели Славчо Глигоровски.
Летувалците кажуваат дека немало каде да побегнат на посигурно место зашто во близина има само бунгалови, ресторан и рецепција.
Денес екипи на Општина Ресен, Комуналното претпријатие, Поротивпожарната единица и други служби работеа на отстранување на откорнатите и оштетените дрвја. Населбата и понатаму е без струја.
И оние кои имаа среќа да не бидат присутни за невремето во Крани, а имаат камп приколки, денес доаѓаа да видат дали претрпиле штета. Сликата беше возменирувачка.