2win800x200

Заев и Мицкоски од денес во задолжителна домашна изолација

Април 10, 2020

По информацијата што ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на коронавирусот, кој во текот на минатата недела имаше интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и Мицковски и Заев се тестирани на КОВИД-19.

 

Резултатот на Христијан Мицковски беше изработен доцна синоќа и е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолацијата до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети.

Резулататот на Заев, со оглед на тоа дека синоќа веќе беше заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој по добивањето на информациите е ставен во домашна изолација.

Новинарот е во стабилна здравствена состојба и е на лекување во Болницата „8-ми Септември“, рече министерот Филипче

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани