АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гого Видимче ќе биде новиот директор во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Тој денеска е избран на седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион во кои членуваат градоначалниците на девет Пелагониски општини-Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Могила, Новаци, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани.
Видимче доаѓа на местото на Емилиа Героска, досегашен директор на ЦРППР.
Инаку ЦРППР е правен субјект кој подготвува предлог-проекти за развој на Пелагонискиот плански регион и за подрачјата со специфични развојни потреби, ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион, ги реализира проектите за развој и врши промоција на развојните можности на Пелагонискиот плански регион.