2win800x200

Директно

Долгогодишното планинарење заврши со брак. Битолчанката Елена Василевска го кажа судбоносното „да“ на  врвот на Пелистер на својот избраник Менде Давитковски. На надморска височина од 2600 метри двајцата млади токму на први јануари 2018 година  застанаа на лудиот камен, обколени со неверојатните  пејсажи на Пелистер од каде се гледа и Преспанското езеро. Моментот на запросувањето е објавен на  видео на фејсбук профилот на  „Големо Езеро “.

Планинскиот убавец Пелистер низ фотографии направени на 1 јануари 2018 година.

Машки близнаци се првите новороденчиња во Новата година во Битола. Во битолската болница во текот на новогодишната ноќ  се родија  вкупно 9 бебиња, 5 машки и 4 девојчиња.

Со новогодишна програма со ди-џеј, настапот на пејачот Борче Наумовски и новогодишниот џубокс со Бојан Стојков, актерите Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илијевски и бендот Боеми весело мина дочекот на Новата 2018 година на плоштадот Магнолија во Битола. .

(Настаните кои ги одбележаа изминатите дванаесет месеци)

 

Општина Битола ги намали непродуктивните трошоци, а тие ќе опаѓаат и во 2018 година. Градоначалничката Наташа Петровска рече дека и таа се придржува кон тоа,  па во изминатите два месеци откако го презеде градоначалничкото место не направила ни еден трошок по основ на репрезентација.

На првата прес конференција на новата управа на РК „Пелистер“, претседателот на УО, Васко Ковачевски ги повика сите општествени чинители, бизнис секоторот и љубителите на спортот, да помогнат клубот повторно да биде силен и стабилен.

Методија Тасевски  е  избран за нов претседател на ОО на СДСМ во Битола. Одлуката за негово именување ја донел лично претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврди Тасевски за апла.мк . Тасевски  е со долг партиски стаж и добар познавач на политичките прилики во градот.

Либералдемократите Александар Касапов и Методиј Силјановски се новите директори на јавните претпријатија „Пазари“ и „Нискоградба“. Касапов и е добро познат на јавноста по неговото учество во претходниот состав на Советот како остар критичар на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ексградоначалникот Владимир Талески. Силјановски е вработен долги години во “Нискоградба“ и одлично ги познава состојбите во ова јавно претпријатие.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани