АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Противпожарната единица од Битола во текот на јануари имала 51 интервеција, од кои 34 биле пожари на куќи од запалени оџаци. Во пет случаи целосно изгорела покривната конструкција и предизвикана е оргомна материјална штета. Најчеста причина за овие пожари се неисчистените оџаци и чадоводните канали
-Првата причина зошто може да дојде до пожар е наталожување на саѓи, односно јаглен моноксидот во црвста состојба. Тоа наталожување настанува од неисправните грејни тела и влажните дрва. Кога во оџакот ќе се наталожат овие саѓи, при зголемената тмпература од печките, јаглен моноксидот, односно саѓите се запалуваат. Тоа е пожар кој развива огромна температура. Запален оџак од саѓи развива температура од 1000 степени и може да иа катастрофали последици, вели Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.
Ваквите пожари поради можноста да се прошират и на соседните куќи се опасност за повеќе луѓе, а и тешки се за гаснење. Според законските регулативи домаќинсвата имаат обврска да ги исчистат оџаците двапати за време на грејната сезона и еднаш вон сезоната. Институциите од јавен карактер пак, треба да ги чистат оџаците секој месец во текот на сезоната и еднаш вон сезона.
-Главната причина за настанување на саѓите се влажните дрва, и оваа динамика на чистење е со цел да се намалат последиците. Неисчистените оџаци покрај тоа што се опасност за пожари, исто така се причина за загадување на амбиенталниот воздух, кој 90 проценти е загаден токму од неисчистени оџаци, односно, од компонентата оџак, чадоводни канали и матерајлот кој се користи за загревање, вели Поповски.
За решение на ваквата состојба, потребно е оџачарството да заживее како комунална дејност, како што е во земјите од нашето опкружување, со што на поефикасен и поорганизран начин ќе се спречат овие појави.
Во Програмата за животна средина за 2019 година на Општина Битола се најавува дека годинава ќе се субвенционират домаќинствата за редовно чистење на оџаците, а ќе има и зголемена инспекциска контрола на домаќинствата, индусртиските и занаетчиските постројки. Потврдите за извршеното чистење ќе се доставуваат до Општината која ќе ги води во регистер на домаќинсва кои се грејат со огревно дрво. Исто така, со оваа програма се предвидува и субвенционирање на инсаталација на водени филтри на оџаците на институциите кои се затоплуваат на мазут, како и на пекарите на дрва или нивна дислокација надвор од населено место.
Поповски вели дека во Битола има доволно оџачари и кои можат да одговорат за спроведување на правилникот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој ја утврдува динамиката за чистење на оџаците.
Е. М.