2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обука во рамки на проектот „We Lead The Changes“

Ноември 13, 2023

Во рамки на проектот “We Lead The Changes“ на 11 и 12 ноември во Битола се одржа дводневна работилница за политички систем и локална самоуправа наменет за жени и девојки од ромската етничка заедница во Битола.

На првиот ден од обуката обучувачот м-р Диоген Хаџи Коста Милевски ги запозна учесниците со основите на политичкиот систем, улогата на граѓаните во политиката и нивното значење за процесот на креирање на одлуките во едно општество.

Вториот ден од обуката беше посветен на локалната самоуправа и начините на учество на граѓаните во процесот на креирање на одлуките на локално ниво. Учесниците во работилницата под менторство на обучувачот преку дебата и групна работа подготвија предлози и барања кои во периодот кој следи ќе бидат доставени до локалната самоуправа а се насочени кон унапредување на статусот на жените ромки во Битола.

Проектот е имплементиран од страна на организациите Здружение на жени Ромки – Лачо Диве и Здружение за развој на ромската заедница – Сумнал. Со финансиска поддршка од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација „PPOMA“, во рамки на проектот „Romani women POWER OF CHANGE“ in the Western Balkans and Turkey“. #WeLeadTheChanges #НиеГиВодимеПромените

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани