2win800x200

Земјоделското земјиште од 1 до 4 класа нема да може да се пренаменува за енергетски градби

Ноември 14, 2023

Нашата главна цел како министерство е секоја една педа обработлива земја да ја ставиме во функција за производство на храна, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во Дневникот на Македонската радио телевизија.

 

Оваа цел, додаде министерот Николовски, произлегува од донесениот Национален план за производство на храна што министерството уште минатата година го подготви и донесе. Токму во таа насока се и предложените измени во законот за земјодлеско земјиште, преку кои за прв пат се пропишуваат јасни одредби кои имаат за цел заштита на земјоделското земјиште

 

„Предложените измени во законот за земјоделско земјиште се токму во насока за остварување на нашата главна цел секоја педа обработлива земја да биде ставена во функција за производство на храна. Конкретно преку овие измени за прв пат се заштитува земјоделското земјиште од од 1 и 2 класа, од можна пренамена во градежно земјиште со наменска зона за енергетски градби. Дополнително со предложените измени се заштитува и земјоделското земјиште од трета и четврта класа, освен во случаи ако во дадената катастерска општина не постои друго земјиште кое е од послаба класа“, истакна министерот Николовски.

 

Министерот Николовски истакна и дека истовремено, министерството за земјоделство во соработка со министерството за транспорт и врски предложија измена и на Законот за урбанистичко планирање, со цел да не може да се донесе никаков урбанистички план за пренамена на земјоделско земјиште од прва до четврта класа за изградба на енергетски објекти без позитивно мислење од министерството за земјоделство.

 

Ова значи дека по донесувањето на овие измени за прв пат министерството добива законска можност и алакта како да го заштити од пренаменување земјоделското земјиште.

 

Моменталната законска рамка во делот на донесување, односно одобрување на урбанистичко планска документација, а со која постапка се врши и пренамена на земјоделско земјиште во градежно, не предвидува ограничувања во делот на класите на земјоделско земјиште, ниту пак за намената на проектот.

 

Сега со измените мислењето дадено од Министерството за земјоделство добива обрзувачко значење, што би значело дека ако се даде негативно мислење постапката не може да се продолжи понатаму.

 

„Затоа клучно во овој процес е да не се дезинформираат граѓаните дека земјоделското земјиште би се пренаменувало, туку да се каже јасно вистината дека за прв пат се заштитува земјоделското земјиште“, истакна министерот Николовски.

 

Предложените измени на законот се јавно прикачени на системот ЕНЕР каде секој може да даде коментар и да се произнесе по дадениот предлог, а министерството како предлагач има обрска секој коментар да го разгледа и да даде одговор на истиот. Целата постапка на измените се води транспарентно и јавно, без никакви скриени намери, освен јасната цел да го зашититме земјоделското земјиште и секоја педа обработлива земјоделска површина да ја ставиме во функција за производство на храна.

...

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани