2win800x200

Чувари ја одржуваат чистотата на обиколницата над Битола

Август 14, 2019

Двајца чувари ангажирани од Општина Битола ја одржуваат чиста обиколницата над Битола.

{YouTube}https://youtu.be/tN-_L5kSGFw{/YouTube}

 

-После темелното чистење на обиколницата околу Битола, ангажирани се чувари кои  ја одржуваат чиста обиколницата. Сликата која сега е таму е многу поразлична од она што беше во минатото. Покрај тоа што го собираат ѓубрето, се грижат и никој да не фрла . Она што сега е таму е неспоредливо со она што беше претходно. Видеото што Општина Битола го изработи за обиколницата ја прикажува  разликата на пред и потоа, изјави за Апла.мк Валентин Груевски , претседател на Советот  на Општина Битола.

Кон крајот на јуни обиколницата беше темелно исчистена  од губрето и дивите депонии Состојбата во овој дел летово е комплетно променета, а отстранети беа  вкупно 2000 м³отпад. Покрај координираното делување на терен и спроведените активности со соодветна механизација од страна на јавните претпријатија, за дорасчистување рачно интервенираа и 10 вработени од ЈП Комуналец.

Покрај отстранувањето на отпадот, се изврши и миење на улицата со цистерна, со цел завршување на координираната акција за чистење на големата депонија, која претставуваше опасност за возачите, лоша слика на влезот во градот, а од еколошки аспект со себе повлекуваше низа штетни последици.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани