АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кабинетите по физика и практична настава - електроенергетика во Техничкото училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола кои се опремени со грант од германската амбасада, денеска ги посети заменик амбасадорот на СР Германија во нашата држава , д-р Петар Шалер, симболично предавајќи ги во употреба.
Едно од ретките, а можеби и единствено оваа година Техничкото училиште во Битола реновира два кабинети со странска донација како и одводот и доводот во 8 училници. Санацијата се извршува со финансии од Општина Битола во висина од 171 000 денари и помал дел со сопствени средства.
При денешната посета на школото можеше да се види што се е заменето и во која состојба била инсталација, зарѓени цевки, дотраени инсталации, влага по ѕидовите. Но, она што се обновува и реновира особено новите кабинети ветуваат подобрување на состојбите.
Реконструкцијата и санацијата на водоводната и одводната мрежа во Техничкото училиште во Битола што започна за време на летниот распуст отвори многу работа , откако фактичката состојба покажа дека се е зарѓено, испукано и дотраено.
Цели 32 години од изградбата на школото никој не ставил рака да го обнови и санира, па сега кај и да копнат мајсторите се соочуваат со тотален распад.
Директорот на средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, Владимир Роме, и претходно изјави дека училиштето во оваа зграда опстојува од 1986 година и од тогаш до сега ништо не е сменето и реновирано, особено не, во водоводот и одводот.
Новото раководство на Техничкото училиште во Битола, започна со санација и реновирање на три училници кои заради негрижа од бившите раководства со години биле оставени да скапуваат во влага со мувлосани ѕидови и распаднат малтер.
Директорот на средното техничко училиште Владимир Роме, вели дека училиштето во оваа зграда опстојува од 1986 година и од тогаш до сега ништо не е сменето и реновирано, особено не, во водоводот и одводот. Цевките се целосно зарѓени, испукани и дотраени, а таква е состојбата во целото училиште, за што говорат и фотографиите.
Изградба на оградена патека која ќе минува вдолж дворот на Техничкото училиште, е едно од решенијата на проблемот со „корзото“ низ овој простор што го практикуваат пазарџиите на Новиот пазар во Битола. По отворањето на проблемот, за кој пишуваше апла.мк, со секојденевното користење на дворот од страна на граѓани кои поминуваат пеш, со велосипеди или мотори, или пак, го користат како паркинг за автомобилите, денеска на терен излегоа комунални инспектори од Општина Битола.
Тие заедно со директорот на училиштето Владимир Роме, ја разгледуваа можноста за оградување на патека за непречено движење на граѓаните од пазарот кон околните згради без да влегуваат на спортските терени на Техничкото.