2win800x200

Денес започнаа најавуваните реконструктивни активности на покривот и дограмата во нашето училиште.

Се очекува изведбените работи да потраат во следните два месеци, имајќи во предвид дека ова е најголемиот реконструктивен зафат од кога е направено училиштето. Ќе се работи на комплетна замена на штетната азбестна кровна покривка со лимена кровна обвивка, а дотраената дрвена дограма ќе се замени со ПВЦ дограма. 

За таа цел, се информираат сите граѓани кои секојдневно минуваат низ дворот на Техничкото училиште, како и оние кои дворот го користат за одмор и рекреација, дека движењето и задржувањето во кругот на училиштето може да биде потенцијална опасност за нив. Избегнувајте го движењето во близина на објектот како не би се случиле несреќи со несакани последици. 

Техничкото училиште се вклучи во процесот на изработка на визир маски потребни за вработените во јавните и приватните здравствени установи од градот во овој толку сензитивен период на пандемија со корона вирусот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани