АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жардиниерите на Широк Сокак полни се со ѓубре. Кој како стигнал во нив, среде цвеќињата, ги оставил празните лименки и пластични шишиња од пијалоци, како и отпадоци од хартија и се друго.
Најдолгата пешачка зона, Широк Сокак, има сѐ помалку место за пешаци. Иако на секоја делница од главната битолска улица, поставен е сообраќаен знак за забрана за возила, запрежни коли, велоспеди и мотори, сепак се почесто може да се забележи дека не се почитува сигнализацијата, со што во опасност се пешаците, а најмногу децата.
И покрај високите температури битолчани, но и странските туристи уживаат во претпладневните часови на Широк Сокак уживајќи во вкусно кафе и топол ѓеврек. Мирисот на свежо печени ѓевреци ги мами минувачите особено повозрасните кои се сеќаваат дека во Битола во минатото на секој агол, во секое маало имало фурни.
Со трска како да е трло е ограден еден од угостителските објекти на Широк Сокак.
Од рано наутро најдолгата пешачка зона во Битола, Широк Сокак, се мети и чисти од сметот и се подготвува за новиот ден.
Пред да се отворат дуќаните, кафичите и кафеаните за муштериите, комуналците ги чистат и празнат контејнерите и кантите за отпадоци, а во тоа им помагаат и дуќанџиите.
Комуналците велат дека имаат полни раце работа, особено сега кога во најголем дел од дуќаните се изложува новата пролетна гардероба.