АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Камион кој пренесува огревно дрво денеска се движеше по битолски Широк Сокак. Влезе во пешачката зона од локацијата„ Камен мост“, а откако ги растовари дрвата, излезе кај Офицерски дом. Камионот минуваше покрај пешаците, меѓу масите од кафулињата во долниот дел на Широк Сокак, а по плочките течеше масло.
Под тежината на снегот што наврна во текот на ноќта попушти и се сруши тенда на Широк Сокак. Воедно, врнежите предизвикаа и проблеми со струјното напојување во делови од месноста Бела Чешма и населбата Ушици во Битола..
Во Битола денеска се организира Интернационалниот марш на животот, како и Комеморативна програма под покровителство на македонската Влада, по повод одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските Евреи.
Државни делегации од Македонија и Израел, претставници на невладини организации, но и голем број потомци на битолски Евреи од Израел, Латинска Америка и САД, најавија дека се приклучуваат
Вработени од Јавното претпријатие „Нискоградба“ со помош на механизација денес го чистеа Широк Сокак од снегот. Работниците го собираа снегот со помош на машина бобкет, а потоа го префрлуваа во трактори и го носеа надвор од главната амбиенталната улица.
Графит со фашистичка порака испишан е денеска на фасада на битолски Широк Сокак. Графитот е на македонски и албански јазик, што алудира на Законот за употреба на јазиците.