2win800x200

Фантастична вечер на отворањето на изложбата на Ивона Кочов

Март 22, 2024

 

Фантастичната вечер на отворањето на изложбата на Ивона Кочов, за која со посебна гордост кажуваме дека е член на Фото Кино Клуб Битола, објави клубот на Фејзбук за синоќешната изложба „Монохроматска меланхолија“ на Ивона Кочов.
-Фотографиите на Ивона Кочов навистина блескаа, одразувајќи ја нејзината единствена перспектива и неверојатен талент.
Огромна благодарност до сите што ни се придружија и ја направија оваа вечер толку посебна! Вашата поддршка навистина значи за негувањето на нашите локални фотографи и уметноста што тие ја создаваат!, објавија од Клубот
Посебна благодарност до Културен и информативен центар - Битола, каде се одржа изложбата и до спонзорите кои придонесоа за оваа изложба да биде реализирана ( Синпекс, Божиновски, Графопром, Горска Вода, Мак Пчеларници, Монсара Винарија. )
Изложбата е под патронажа на Националната Фото Унија на Македонија.
Изложбата ќе биде поставена во Културен и информативен центар – Офицерски дом Битола до 27 март посетете ја и влезете во магијата на фотографиите на Ивона Кочов.
Фотографии на: Димитар Чунговски и Коста Дупчинов
 
 
Објавено од А.Б 
433745864 400622032603434 4167470158559187978 n
433697357 400621925936778 2246578659652208292 n
433659319 400622205936750 3976162264185995715 n
May be an image of 1 person and crowd
May be an image of 11 people and violin
May be an image of 1 person, ticket stub and text
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани