2win800x200

Конгрес на СДСМ: Потврдени носителите на листи, претставена изборната програма

Март 23, 2024

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ги потврди имињата на носители на денешниот Конгрес во Скопје. Во првата изборна единица предводник е лично тој, во втората изборна единица на првото место е Оливер Спасовски, тројката ќе ја предводи директорката на УЈП Сања Лукаревска, четворката екс министерот за здравство Венко Филипче, петката е резервирана за Јован Митрески кој е нов собраниски спикер, и во шестата изборна единица е министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

Ковачевски потенцираше дека во изминативе седум години неговата партија донела многу храбри одлуки.

Можно е да е слика од 10 луѓе

„На осми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи, изборот на осми мај е мнопгу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава. Изборот е помеѓу надеж и просперитетна иднина со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.

Во изборната програма, Ковачевски најави просечна плата од 1100 евра, минуималец од 600 евра, најниска пензија 20 илјади денари, просечна пензија 30 илјади денари, плус 100 евра за нова година за секоиј пензионер. 200 евра за секое прво вработување на младите луѓе, 750 милиони евра субвенции за пензионерите. Потврда дека овие ветувања ќе се остварат се политиките кои ги води владеачката партија последниве седум години, рече Ковачевски.

 

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани