2win800x200

Едно на сцената- лицата со попречености и учениците од редовната настава ја одиграа „Бегалка“ од Иљоски

Декември 04, 2023

Одлично се вклопија лицата со интелектуална попреченост и децата од одделенска настава од редовните училишта играјќи ја театарската претстава „Бегалка“ од Васил Иљоски. На сцената на Народниот театар од Битола тие без едно, се надополнуваа меѓусебе и си помага. Ликовите на Ленче, Бошко, Велика, Трајко, Евра беа распределени меѓу двете групи. Ова беше голем чекор за секоја од нив зашто на сцена беше поставена скоро цела драма, а претставата траеше околу еден час. Театарскиот проект го подготви Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, а претседателката Јулијана Трајчевска беше и режисер и сценарист.

407467351 845120637619296 4801860883347982600 n

„Со овој настан го одбележавме Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Целта беше недискиминација , инклузија и вклучување на лицата со попреченост преку изразување на своите можности во секојдневниот живот. Лесно и брзо со максимално вложување успеавме сите заедно да дојдеме до крајната цел. За учесниците ова беше ново доживување, нов свет, нови другарства. Беа напорни поготовките, но успеаја лицата со интелектуална попреченост и децата од редовните училишта, многу лесно го совладаа текстот, сценските движења и заслужуваат да ги наречеме актери“, вели Трајчевска.

58765924 ce66 4865 9f68 95109bedf28c

Во подготовката на претставата учествуваа и наставничките- менторки Весна Гагаловска  и Лидија Поповска со ученици од основните училишта  „Тодор Ангелевски“ и „Трифун Пановски“, средношколци од Државно музичко училиште Битола  со менторот професор Александар Грујовски  и ансамблот „Плетенка“ и  Народниот театар  од Битола.

407467351 845120637619296 4801860883347982600 n

„Секојдневно ја спроведуваме инклузијата, ја применуваме во наставата, секојдневно разговараме за да се прифатат различностите за да се разберат, а вака во пракса тоа е на едно повисоко ниво. Учениците со воодушевување прифатија да работата со лицата со попреченост. Во текот на пробите и долгогодишната соработка што ја имаме со Порака, учениците не ги гледаат лицата по нивната попреченост, гледаат кое лице што може да направи, кои активности може да ги реализира, а она што не може тие го надополнуваат. Едно се лицата со попреченост и учениците“, вели наставничката од одделенска настава Весна Гагаловска од ОУ „Тодор Ангтелевски.

Таа испрати порака до сите:„Колку повеќе се вклучени лицата со попреченост во секојдневието, толку повеќе тие ќе се чувствуваат како дел од нас да бидиме сите исти и еднакви“.

Ж. Здравковска

407725613 845121304285896 3693351474951768961 n

407742849 845120744285952 2431097596375801638 n

407782687 845120680952625 2792665782861769857 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани