2win800x200

„Бегалка“- театарска претстава во која учествуваат и лица со интелектуална попреченост, на 4 декември во Народен театар Битола

Ноември 28, 2023

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола подготвува адаптирана театарска претстава по драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски во која актери –аматери ќе бидат лица со  попрачености со поддршка на ученици од битолски училишта. Премиерата ќе биде на 4 декември во 18 часот во Битолскиот театар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

„Целта е вклучување на лицата со попреченост во културата и уметноста преку театарот како алатка за изразување на можности. Така и оваа наша и нивна активност за вклучување во секојдневниот живот ,инклузија и недискриминација ,се зголемува со секој наш и нивен обид. Тоа ќе го сторат со повеќе или помалку умешност, но тоа е уште еден обид да им покажеме на сите гледачи дека не постои тешко или лесно, туку постои сакам или не сакам, а очигледно е дека сакаме“, рече Јуле Трајчевска, една од основачите  на Центарот и иницијатор  на претставата.

 Во подготовската на  претставата им помагаат наставничките- менторки Весна Гагаловска  и Лидија Поповска со ученици од основните училишта  „Тодор Ангелевски“ и „Трифун Пановски“, средношколци од Државно музичко училиште Битола  со менторот професор Александар Грујовски  и ансамблот „Плетенка“ и  Народен театар  од Битола.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани