
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Херојството на партизаните од првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај Ореовата корија, кога храбро загинаа седумина херои е опеано во народната песна „Таму ле мајко близу Битола“, но за жал песната веќе осум години не одѕвонува низ градот под Пелистер. По ритамот на оваа композиција порано отчукуваше битолскиот градски часовник. Но, во 2009 година со образложение на општината дека се репарира механизмот, дел од песните се изгубија што предизвика големи критики кај битолската јавност. Тогаш градоначалникот Владимир Талески најави дека репарираниот механизам наскоро ќе има можност да изведува повеќе песни, но до денес остана да одѕвонува само „Битола мој роден крај“. .
Чкембарите на вечерашниот ракометен натпревар во спортската сала „Младост“ во Битола преку голем транспарент почараа дека „Битола сака поинаку“, јави спортм.мк Натпреварот се игра меѓу Пелистер и Ракометната федерација на Македонија, а салата е полна до последно место.
Битола има голем потенцијал за развој на туризмот поради својата местоположба, низата природни богатства и културните зданија со кои располага, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери.
Сум имала прилика во мојот живот да се радувам на освоен медал, знам што значи радоста кога ќе ви го стават медалот на градите, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери. Тоа, на прес конференцијата го потврди покажувајќи го личниот медал што го добила на државно првенство во пинг –понг.