2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Шо рече

Професорката Марина Коруновска, која во рамките на нејзината музичка школа со исклучителна посветеност работи на промоција на музиката и создавање на нови млади таленти, но, посветено работи и со  повозрасните кои ја сакаат музиката, со емотивен статус ја најави својата мисија за следната 2024 година. Сите средства од концертите ќе бидат донирани за финансирање на исклучително талентирани деца, избрани по строги критериуми.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се сретна со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, со која разговараше за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

На средбата беа дефинирани активностите што ќе следуваат по завршувањето на тендерската постапка, која е во тек. Теренот е подготвен, кажа министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, и следниот месец може да започне реновирањето на старото училиште.

Во рамките на проектот „Идентификација и следење на талентирани и надарени студенти“, Битолскиот универзитет ги избра четворицата таленти: Тамара Тасеска од Економскиот факултет во Прилеп, Софи Гајтановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Кристијан Велјановски од Факултетот за биотехнички науки и Дејан Петровски од Педагошкиот факултет.

Уште студира, а веќе направи сериозни чекори во научните истражувања. Битолчанецот Кристијан Велјановски, студент од четврта година, е прогласен за талент на Факултетот за биотехнички науки при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Како млад научник беше вклучен во истражувањето на рибната популација во Белчишко Блато и охридскиот грунец, за што доби прва награда за најдобар студентски труд на Меѓународна студентска конференција во организација на Агрономскиот факултет во Чачак при Универзитетот во Крагуевац, Србија. Летната школа во Љубљана, Словенија, на која во септември годинава беше еден од двајцата претставници од Македонија, е само дел од неговото богато студентско портфолиоаа, објавува Факултети.мк 

,,Семејното насилство не е семејна драма, насилството не е жанр. Тоа е аларм, тоа е повик на гласност. Жената која бара помош не го растура семејството. Напротив! Таа е жртвата” – рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната панел дискусија „Насилството низ призмата на културата - гласно и болно, но борбено“, како дел од кампањата „Сложувалка“.  

Денеска се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и Центарот за европски развој и интеграција. Во овогодинешната акција 50-тина учесници од сите возрасти засадија 500 зимзелени садници од црн бор на потегот над црквата „Св. Четириесет маченици“ во месноста Кркардаш. Во изминатите 4 години беа засадени повеќе од 1000 садници од кои дел веќе се адаптирани и го разеленуваат просторот. Со денешната акција беа заменети и пополнети празнините во новиот појас шума кој го создаваме со оваа иницијатива.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола подготвува адаптирана театарска претстава по драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски во која актери –аматери ќе бидат лица со  попрачености со поддршка на ученици од битолски училишта. Премиерата ќе биде на 4 декември во 18 часот во Битолскиот театар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Страница 1 од 52

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани