
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес се навршуваат 81 години од смртта на Ѓорѓи Наумов, Блаже Рогозинаро и Кочо Десано, кои од бугарскиот фашистички окупатор биле осудени на смрт со бесење, а пресудите биле извршени на 21 јули 1942 година во Скопскиот затвор
Во академската 2013/2014 година имало 488 бруцоши од Битола и 328 од Прилеп, а годинава 296 запишани битолчани, а 181 прилепчанец, објави Факултети.мк.
Синдикалната подружница на РЕК Битола успешно го реализира Пролетниот турнир во спортски натпревари на кој учествуваа членови на синдикатот. Покрај популарните дисциплини кои традиционално се организираат, како што се, мал фудбал за мажи и пикадо за жени, на овој Пролетен турнир после долго време, беше организиран натпревар во риболов кој се одржа на Рековското езеро. Жените, пак, ги одмерија силите во куглање, што претставува уште една нова и интересна дисциплина во спортските натпревари за синдикалните членки на РЕК.
СВР Битола, до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања. Имено, во с.Смилево и с.Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата.
Во четврток на 8 јуни со почеток од 19 часот во КИЦ - Офицерскиот дом во Битола со свечен концерт ќе започне Меѓународниот натпревар Пијанофест 2023. На концертот ќе настапи минатогодишниот лауреат на Пијанофест 2022, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц - сопран, исто така од Србија. Натпреварувачкиот дел ќе започне на 9 јуни и ќе трае до 11 истиот месец. Оваа година Пијанофест освен дисциплината пијано и пијано четирирачно, збогатен е со уште една дисциплина - соло пеење. И во двете дисциплини учесниците се поделени во категории од 6 години па нагоре, според возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во категоријата соло пеење.