
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира за сообраќајка во село Добрушево.
На 13.05.2026 во 12:50 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Добрушево, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од с.Добрушево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Х.Т., затоа што при извршен увид е констатирано дека мотоциклот бил нерегистриран и го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
