2win800x200

Возач од демирхисарско загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Демир Хисар

Јули 14, 2025

Полицијата известува дека возач на 45-годишен од демирхисарко загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Демир Хисар. 

- На 13.07.2025 во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(45) од село Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, известија од МВР. 

Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани