ИНФОРМАЦИЈА
за состојбата по обилните врнежи на територијата на Р.С. Македонија
(состојба до 08:00часот)
Пелагониски регион
Битола, Могила и Новаци: Во подрачјата каде што имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на река Црна кај с. Новаци во 18:00 часот изнесува 320 см.
Демир Хисар: Поради оштетување на мостот на Боишка река, локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во своите корита, освен реката Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде сè уште има излевање и се поплавени поголеми земјоделски површини.
Ресен: Како последица на поројните врнежи, поплавени се земјоделски површини, но водата постепено се повлекува. Во текот на денот интервенирано е со една градежна машина за расчистување на коритото на Голема Река.