Студено утро и минусни температури се регистрирани утрово, минус 16 степени во Попова Шапка, Крушево минус 13, Берово минус 10, Битола, Прилеп и Охрид минус 9 степени.
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен
правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа и
дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.