2win800x200

Полицаец од Битола лажел за да го спаси братот од казна за погрешно паркирање изречена од ЈП Паркинзи

Мај 27, 2026
Паркинзи Битола Паркинзи Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ.

И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25. март годинава околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП Паркинзи Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило „ауди“, сопственост на неговиот брат.

Притоа во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР.

Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со што сакал да ги доведе во заблуда вработените во јавното претпријатие за да биде ослободен од плаќање на казната.

Против И.Д. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани