2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола. За Бојкоски гласаа 18 советници ЗА(ВМРО ДПМНЕ  со коалицијата, ДУИ и ЗНАМ), 11 беа против (СДСМ со коалицијата, Поинаку и Левица),  а двајца воздржани (ГРИН и ЛДП) . -Дискусијата на Советот мора да се поткрене на повисоко ниво, нема да дозволам навреди и лични пресметки. Кога има волја ќе има и резултати. Ќе успееме како обединети", рече Бојкоски. Бојкоски беше единствениот предлог за претседател на Советот на Општина Битола предложен од советничкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. На  Бојкоски ова му е втор мандат, во досегашниот совет беше координатот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и еден од најгласните и најактивните говорници во Советот.  Во продолжение обраќањето на Бојкоски до Советот.    

 
- Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам должноста да бидам претседател на Советот на Општина Битола. 
 
Ви благодарам на сите за укажаната доверба. Ова не е само чест, туку и обврска  да работиме посветено, одговорно и искрено во интерес на сите битолчани.
 
Во овој мандат нашата цел е јасна проект повеќе за Битола!
 
Она што наназад години го  баравме како битолчани од Владата на Република Македонија сега е реалност и таа е наш вистински партнер во процесот на развој на општината. Со нејзина поддршка обезбедуваме финансиски средства и институционална помош за реализација на значајни проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги. 
Само со ваква соработка можеме да обезбедиме видлив напредок за граѓаните.
 
Нашата задача сега е да се избориме за нивна побрза реализација, затоа што граѓаните не чекаат ветувања тие очекуваат резултати. 
 
Исто така апелирам до сите градежни компании кои ги изведуваат проектите во општината почитувајте ги договорените рокови и стандардите за квалитет. Секое доцнење, импровизација или неквалитетна изведба ќе биде санкционирано. Одговорноста за сработеното е ваша, а толеранција за грешки нема да има.
 
Времето на празни критики мора да заврши.
Да, критиката е потребна, но уште поважно е да се работи. Најлесната професија е да се биде критичар но вистинската одговорност е да се биде градител, човек кој придонесува, предлага и создава.
 
Очекувам и се надевам дека во овој совет одлуките ќе ги носиме со консензус, едногласно и во интерес на граѓаните. 
Сите сме избрани со една цел  да му служиме на народот и да бидеме нивниот глас во оваа сала.
 
Заедно со градоначалникот, општинската администрација, директорите на јавните претпријатија, училиштата и градинките, треба да бидеме партнери и блиски соработници, со заедничка цел да ги надминеме сите предизвици што не очекуваат и да ги реализираме сите важни проекти за Битола.
 
Како претседател, ќе се залагам за максимално отворен, транспарентен и достапен Совет. 
 
Совет кој ќе биде модерен и дигитализиран, во чекор со времето и технологијата.
 
Дискусијата во Советот мора да се крене на повисоко ниво.
Лични навреди и дискредитации без разлика од кого се упатени и дали се упатени кон градоначалникот, советниците или вработените во општинската администрација немам намера да ги дозволам, ниту да ги толерирам.
 
Советот треба да биде пример за достоинствена и конструктивна дебата во интерес на граѓаните, а не поле за лични пресметки.
 
Пред нас стои и задача да го унапредиме Деловникот за работа на Советот, да ги отстраниме сите недоречености со кои се соочивме во изминатите четири години, и да создадеме функционален, ефикасен и фер систем на работа.
 
Почитувани, да ја водиме Битола со идеи, со енергија и со љубов.
Да покажеме дека кога има волја, има и резултати.
 
Битола заслужува совет што ќе работи не совет што ќе кочи и разединува.
Заедно ќе успееме, затоа што само обединети можеме да создадеме подобра Битола.

1000008713

Градоначалникот Тони Коњановски го доби уверението за вториот мандат.

Тој се обрати до јавноста-

 

Денес, со врачувањето на Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски, влегувам во новиот четиригодишен мандат, како градоначалник на општина Битола.

Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои донеле подобар живот во општината и подобри услови за граѓаните, не можам, а да не бидам горд. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри.


-И сѐ уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред. Во следните четири години, очекувам дека ќе дојдат резултатите со кои ќе се заокружат најголемиот дел од сегашните проекти и од еден град кој пред само неколку години беше слепо црево, Битола ќе си го врати својот препознатлив сјај. Битола и битолчани го заслужуваат тоа.

Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува модерна, урбана, чиста и динамична Битола, со темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина.

Инфраструктурно, реализирани се многу проекти на кои граѓаните позитивно реагираа, но за дел од реализираните проекти има и критики. На критиките, секогаш се обидував да одговорам, па дури и доколку општината нема вина. Гласот на народот е главната моја сатисфакција и мерка за сработеното. Кој што работи, само тој може да згреши. Лесно е да се критикува и да се напаѓа, но доблесно е да се признае дека во Битола никогаш повеќе од сега не се градело, не се работело и не се правело за севкупниот живот во градот, вклучувајќи го и спортот, културата, социјалата итн. Граѓаните реалирале, по што, според нашите законски можности ние сме реагирале до изведувачите, кои што пак, на сопствен нивни трошок ги санирале недостатоците. Ќе повторам, се работи транспарентно, отворено, во интерес на народот и оттука, секоја забелешка на граѓаните, ја примам како конструктивна и како предизвик да се добие најдоброто за битолчани. Така ќе продолжам да работам и во овој мандат.

Сега, драги мои сограѓани, доаѓа период во кој трудот што го вложивме, ќе почне да носи видливи резултати. Следните четири години ќе донесат реализација на нови проекти и години на живеење со резултатите од сето тоа што го работевме. Очекувам и во овој мандат, да добиеме голема поддршка од Владата, предводена од премиерот Христијан Мицковски. Во двата повици за капиталните проекти, добивме огромна поддршка и бевме град со најголем број на добиени апликации. Ниту тоа не е случајно, бидејќи покажавме дека знаеме како да го придвижиме градот напред, да ја издигмене културата, спортот и економскиот напредок.

Битола ќе добие уште подобра инфраструктура – нов булеварски влез од станата на Охрид, функционални улици во градот и руралните средини. Јавните простори ќе се оплеменуваат и зазеленуваат за да бидат живи места на средби, активности и семејни дружби. Образованието останува наш приоритет, а образовните институции ќе го надоградуваат својот енергетски изглед и капацитет.

Поставени се темелите на новите културни вредности, кои во наредните години ќе ги надградуваме и ќе привлекуваме уште поголем број на туристи.

Спортските објекти и натаму ќе бидат носители на спортскиот дух и создавање на големи резултати на нашите спортисти, кои ќе ја надополнуваат битолската спортска историја. Во текот на овааа и следната година, ќе се работи на изградба и реконструкција на девет училишни спортски игралишта во училиштата „Даме Груев", „Климент Охридски", „Трифун Пановски", „Ѓорѓи Сугарев", „Гоце Делчев", „Турското" училиште „Гоце Делчев“, „Коле Канински" – нас. Буковски ливади, во училиштето „Тодор Ангелевски", како и во подрачното училиште во Г. Оризари. Во постапка е изградбата на трите спортски сали во училиштата „Стив Наумов“, Тодор Ангелевски" и "Даме Груев" - подрачно училиште во Долно Оризари. Со овие реконструкции и изградби и досегашните вложувања, заокружуваме над 20 спортски објекти и игралишта во градот.

Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ова е заедничка мисија на сите нас кои што ја сакаме Битола и кои што сакаме да го гледаме градот како напредува. Во изминатите години заедно покажавме дека можеме да градиме и да изградиме, а во следните години, заедно ќе покажеме дека можеме да живееме подобро.

Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. И како заклучок на самиот крај би издвоил дека градот живее, младите се радуваат, а всушност, тоа е и нашата цел. Да ги задржиме, да ги привлечеме со нови успешни приказни, со зајакната економија, со добра инфраструктура, со здрава животна средина, со услови овде да ги растат своите деца, а ние да се радуваме на нашите внучиња. Да им дадеме достоиствен живот не само на младите, туку и на сите жители на општина Битола. Да се гордеат на својот град, на успесите на своите сограѓани, а јас како градоначалник, да продолжам да го реализирам зацртаниот пат за поуспешна и поубава Битола.

Ви благодарам од срце за довербата и за поддршката!

Страница 1 од 380

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани