2win800x200

Запросување на врвот Пелистер на настанот „Први на Први“ - планинари го дочекаа првото изгрејсонце во Новата 2026

Јануари 01, 2026
фото АПЛА:МК - Иванчо Тошевски фото АПЛА:МК - Иванчо Тошевски

Дарио и Мишела се млади кои живеат и работат во Германија и си ветија вечна љубов на првото јануарско изгрејсонце на врвот Антена на Пелистер на надморска височина од 2.601 метар. Двајцата млади беа дел од тимот искусните планинари од планинарско-спортскиот клуб „Олимпус Монс“ кои ја ја реализираа манифестацијата „Први на први“, искачување со цел да се доживее првото изгрејсонце во новата година. Ова воедно се смета за првиот спортски настан годинава во државата и пошироко во Европа.  Отвори линк https://www.facebook.com/share/v/1CzmJE2B4a/

-Поради ниските температури од - 28°C и ветерот од околу 50km/h искачувањето се одвиваше во многу отежнати услови. И покрај тоа што станува збор за искусни планинари, беше потребно да се вложи многу повеќе сила за да се совладаат алпските климатски услови кои ги имаше ова утро на Пелистер. Магичните бои на првото изгрејсонце во 2026 беа одлична можност за Дарио Петровски на 2601мнв да ја запроси неговата сакана Мишела Панајотова. Ова дефинитивно е настан кој го одбележа овогодинешниот Први На Први. Дарио и Мишела живеат и работат во Германија, и за празниците се вратија назад во Македонија, за да учествуваат на Први На Први. Среќна нова 2026 и честитки за вечна љубов на Дарио и Мишела“, изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски,  организатор, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и директор на НП Пелистер. 

 

ВИДЕО ОД ЗАПРОСУВАЊЕТО https://www.facebook.com/profile.php?id=61557780878195

Ноќеска пред полнош 50 учесници од десет градови од Македонија, Црна Гора и Германија, кои беа дел од настанот "Први на Први"  ја започнаа планинарската акција од локација на Инфоцентар на Пелистер за искачување на врвот Пелистер. Оваа година во организација на "Олимпус Монс"  со поддршка на Општина Битола како дел од Зимската приказна настанот се организираше по петти пат. Целта беше да се дочека првото изгрејсонце во Новата година од еден од најубавите природни видиковци на Балканот. 

Тошевски изјави дека станува збор за искусни планинари, добро познати имиња на пошироката јавност во Македонија и во регионот.

-Имавме ведро небо, ниски температури, полна месечина и прекрасни погледи на со снег прекриената Баба Планина во текот на искачувањето. Во мое лично име и во име на сите учесници на цела Битола и Македонија Ви посакувам Среќна нова 2026", изјави за АПЛА, Тошевски, организатор, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и директор на НП Пелистер.

ad715972 d5fa 4734 bc03 64892c29db21

b56e8307 c68c 4f1b b7e3 a0dfda5569df

fbc7ee83 2ee8 46ca a5ff f2a120ef9060

Текст Анета Блажевска 

Фото Иванчо Тошевски 

Видео од запросувањето https://www.facebook.com/profile.php?id=61557780878195

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани